Зеленски: Одлуката за воена парада без оружје во Москва – покажува дека Русија се плаши од украинските дронови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека одлуката на Русија да не прикаже воена техника на годишната парада по повод Денот на победата во Втората светска војна укажува на страв од украински напади со дронови и на слабеење на Москва, јави ДПА.
– Ова лето ќе биде моментот кога (рускиот претседател Владимир) Путин ќе одлучи што понатаму: дали ќе ја прошири војната или ќе се насочи кон дипломатија. Ние мора да го туркаме кон дипломатија – изјави Зеленски во обраќањето пред лидерите на Самитот на Европската политичка заедница во Ереван.
Тој посочи дека Русија најавила овогодишна парада на 9 мај во Москва без воена опрема, алудирајќи на одлуката на руското Министерство за одбрана.
– Ако тоа се случи, ќе биде првпат по многу години. Тие не можат да си дозволат да прикажат воена техника бидејќи се плашат дека дронови би можеле да летаат над Црвениот плоштад. Тоа е показател. Тоа покажува дека во моментов не се силни – изјави Зеленски.
Украинскиот претседател повика да се задржи притисокот врз Русија преку санкции и да не се поддржуваат иницијативи за нивно олеснување.
– Мора да го одржиме притисокот преку санкции. Ве молам, спротивставете се на какви било идеи за нивно ублажување – тоа е исклучително важно. Им благодарам и на оние кои се борат против руската ’флота во сенка‘ за превоз на нафта – додаде тој.
Набљудувачи во Москва, исто така, посочуваат дека триумфална демонстрација на воена моќ во овој момент не би се вклопила во воздржаното расположение во Русија.
Коментарите на Зеленски следуваат откако претходно украински дрон влета во центарот на Москва и удри во станбена висококатница, инцидент во кој немаше информации за повредени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…
На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…
Пандов на средба со делегација на Европскиот…
Директорот на Управата за извршување на санкциите,…
Македонски државјанин убиен во Германија
Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…
72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…
Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…
МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…
Министерството за образование и наука (МОН) како…