Зеленски: Подготвени се неколку нацрт-документи за завршување на војната со Русија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека се подготвени неколку нацрт-документи за завршување на војната со Русија, вклучително и оние за безбедносни гаранции за Киев, по разговорите што ги водеа украинските претставници во Мајами со нивните американски колеги.

Тој рече дека членовите на украинската делегација, Рустем Умеров и Андриј Хнатов, поднеле детален извештај по состаноците со американскиот тим.

„Тие продуктивно соработуваа со претставниците на претседателот Трамп, а сега се подготвени неколку нацрт-документи. Конкретно, тие вклучуваат документи за безбедносни гаранции за Украина, за закрепнување и за основната рамка за завршување на оваа војна“, напиша Зеленски на X.

Зеленски додаде дека е „исто така благодарен на европските партнери за нивната поддршка и координација“ и дека „се радува на продолжувањето на дијалогот со Соединетите Американски Држави“.

Според него, потребно е дипломатијата секогаш да оди „рака под рака“ со притисокот врз Русија и поддршката за Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија се во тек и напредуваат „нормално“, но дека постои голема „омраза“ меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Постои голема омраза меѓу овие двајца лидери, Путин и Зеленски. Разговараме. Сè оди добро. Војната мора да престане“, изјави Трамп за новинарите во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, според соопштението на Јутјуб каналот на Белата куќа.

Во Мајами, од 19 до 21 декември, украинските и американските делегации одржаа серија состаноци за мировниот план и разговараа со претставници на Русија, а досега не се најавени нови состаноци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…