Зеленски по средбата меѓу Русија и САД: Искрено, не ми е ни гајле
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше средбата на американскиот и рускиот претставник во Ријад, нарекувајќи ја „разговори за Украина без Украина“.
Медиумите потсетуваат дека ниту еден украински функционер не беше поканет на преговорите.
Зеленски зборуваше на прес-конференција во турската престолнина Анкара, каде што се сретна со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
„Денеска детално разговаравме за глобалните процеси кои би можеле да доведат до крај на оваа војна“, рече Зеленски и додаде дека разгледале различни можности.
Тој нагласи дека „од суштинско значење е какви било разговори за завршување на војната да не се водат зад грбот на страните директно вклучени во неа“. За траен мир, рече тој, важно е да не се прават грешки. Сите страни мора да бидат на преговарачка маса – Америка, Европа и Украина“, заклучи Зеленски.
Зеленски најави откажување на посетата на Саудиска Арабија која беше планирана за утре.
Украинскиот лидер ова го изјави за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Ердоган во Анкара, пренесува Укрінформ.
„Одлуките за тоа како да се стави крај на војната во Украина не може да се донесат без Украина, ниту може да ни се наметнат одредени услови. Не бевме поканети на оваа руско-американска средба во Саудиска Арабија – тоа беше изненадување за нас, како, верувам, и за многу други.
Тврди дека за руско-американската средба дознале од медиумите.
„Ние дознавме за состанокот од медиумите. Не знам кој ќе остане таму, кој ќе замине или кој планира да оди. Искрено, не ми е ни гајле. Она што ми е важно е како нашите партнери нѐ доживуваат. И ние сме апсолутно искрени и транспарентни. Не сакам никакви недоразбирања, поради што нема да одам во Саудиска Арабија“, изјави Зеленски одговарајќи на прашање на новинар на Укрінформ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…
САД констатираа дека Бугарија не се бори…
Телма: Сопственикот на Пулс за неполн месец…
Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…
Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…
Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…
(Видео) Анталија е во пламен — почина…
Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…
Демократски пратеници: САД треба да го следат…
Демократските пратеници во САД во вторникот ја…