Објавено на:

Зеленски: По 8 месеци од војната ние ја одбранивме нашата независност – Русија ќе биде само питач

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео обраќање на Фејсбук истакна дека по точно 8 месеци од почетокот на војната, Украинците успеале да ја одбранат независноста на нивната држава.

– Денес е точно 8 месеци војна во целосни размери. Што е постигнато во текот на ова време?

Ние ја одбранивме независноста на нашата држава – и Русија веќе не може да го промени тоа. Ја ослободуваме украинската земја чекор по чекор. Сега се слободни Донбас, Харковска област, Херсонска област. Но, ќе се ослободат и регионите Запорожје и Крим – ќе дојде време и цела Украина ќе биде слободна.

Украина ја крши таканаречената „втора армија на светот“ – и отсега Русија ќе биде само питач. Молат за нешто во Иран, се обидуваат да исцедат нешто од западните земји – измислуваат разни глупости за Украина, заплашуваат, измамуваат…

Никогаш повеќе Русија нема да биде субјект кој може некому да диктира нешто. Веќе нема потенцијал да диктира. Светот го гледа тоа. Рускиот потенцијал сега се троши на ова лудило – на војна против нашата држава и целиот слободен свет.

Имаше влијание на гасот – не повеќе. Имаше воено влијание – испарува. Имаше политичка тежина – сега има зголемена изолација. Имаше идеолошки амбиции – сега има само гадење.

И ова е многу важна промена во конфигурацијата во нашиот дел од Евроазија – колку повеќе од својот потенцијал Русија губи сега, толку повеќе реална слобода сите народи ќе добијат и покрај Русија и во нејзините граници. Украина – пред сè, рече Зеленски во обраќањето.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руската независна „Новаја газета“ престанува со работа…

„Новаја газета“, еден од историските симболи на…

САД бараат од балтичките сојузници да не…

Официјални лица од Пентагон во последните недели…

Масовен напад врз Москва, Украина ноќеска ја…

Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин утрово изјави…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

„Студентската листа“ нема намера да воведува санкции…

Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…

Српската напредна странка денеска ја слави својата…