Објавено на:

Зеленски предлага Украина и САД да склучат договор за слободна трговија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предлага Украина да склучи договор за слободна трговија со САД, а оваа своја иницијатива ја презентираше во писмото до американскиот претседател Доналд Трамп, во кое ги изнесува новите можности за соработка во одбранбената индустрија и трговијата.

Веста за Интерфакс-Украина ја потврди Тарас Качка, украински заменик-министер за економија и трговски претставник на Украина.

Качка истакна дека Украина е сериозно заинтересирана за договорот, иако САД во моментов не се нејзин најголем трговски партнер.

„Заинтересирани сме за договори за слободна трговија со сите земји од Г7. Веќе имаме договори со Обединетото Кралство, Канада и Европската Унија. Уште ни се потребни САД и Јапонија“, рече Качка.

Според него, сè повеќе производители ги прилагодуваат своите стратегии за продажба на пазарите кои се најразвиени и најбогати, каде што стандардите за квалитет се повисоки, а тоа носи поголема додадена вредност и поголема профитабилност.

„Од таа перспектива, важно е да се фокусираме на можноста за извоз во САД и, соодветно на тоа, да склучиме договор за слободна трговија“, додаде тој.

Качка верува дека основата за евентуален договор е формирањето на украинско-американски инвестициски фонд за обнова.

„Токму затоа мислам дека би можело да биде интересно и за САД. Но, нема потреба да брзаме – сè уште сме на самиот почеток од тој процес“, заклучи тој.

Украинскиот парламент неодамна го ратификуваше договорот за основање заеднички инвестициски фонд меѓу Украина и САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

САД се подготвени да го зголемат економскиот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…

САД ќе му дадат 1 милијарда долари…

САД планираат да ѝ доделат на Колумбија…

Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…

Три лица, меѓу кои и едно дете,…