Зеленски призна дека контраофанзивата е бавна, но претстави пет точки за мир со Русија!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски наведе пет насоки кои Киев ги смета за „основи за постигнување мир“. Во исто време, тој рече дека и покрај резултатите од контраофанзивата, не е подготвен за преговори со Москва.
„Првиот е потенцијалот за единство, вториот е потенцијалот за стабилност, третиот е потенцијалот за раст, четвртиот е потенцијалот за безбедност, а петтиот, кој е исклучително важен, е потенцијалот за демократија“, објасни Зеленски, обраќајќи им се на учесниците на конференцијата за обнова на Украина во Лондон преку видео врска.
Тој додаде дека Украина ја обедини Европската унија, посочувајќи дека земјата веќе е дел од безбедносната област на НАТО. Според него, Киев го штити и „заедничкиот простор на слободата“ и чека само политичко признавање на оваа реалност.
Покрај тоа, украинскиот лидер нагласи дека Украина придонесува за стабилноста, бидејќи, според него, 600 милиони луѓе ширум светот зависат од украинските земјоделски производи.
Зеленски, дополнително, за британските медиуми изјави дека без разлика на напредокот на контраофанзивата, Киев нема да се согласи да го замрзне конфликтот.
Тој, исто така, призна дека украинската контраофанзива се одвива „побавно отколку што би сакал“, и дека Киев, како и досега, не е подготвен да преговара со Русија за прекин на конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…