Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада, соопшти денеска кабинетот на канадскиот премиер Марк Карни.
– Претседателот на Украина Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска ќе престојуваат во посета на Канада од 9 до 11 септември. Посетата ќе го сврти вниманието врз континуираното лидерство на Канада во поддршката за Украина и ќе ја нагласи нашата непоколеблива посветеност на праведен и траен мир – рече Карни, пренесува Укринформ.
Како што е соопштено, Зеленски со сопругата ќе присуствува на настани во Калгари, Торонто и Норт Беј.
„Програмата на посетата ќе биде фокусирана на заедничките канадско-украински приоритети, вклучувајќи го продлабочувањето на одбранбената, економската и енергетската соработка“, се наведува во соопштението од кабинетот на канадскиот премиер.
Зеленски за време на престојот во Канада ќе учествува на состанок на канадската влада.
Украинскиот претседател последен пат ја посети Канада во декември минатата година, на пат за Соединетите Американски Држави, додека актуелниот премиер на Канада, Марк Карни, престојуваше во Украина во август истата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Во пристаништето Драч, запленети 107,7 килограми канабис…
Албанската полиција во рамки на операцијата „Сидро…
Трамп: Путин сака договор за завршување на…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека…
Директорот на ЦИА презема поголема улога во…
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…
Канада го забрзува економското оддалечување од САД,…
Канада ќе ги забрза напорите за намалување…