Објавено на:

Зеленски: Русите уште имаат време да се повлечат инаку ќе бидат уништени

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска, говорејќи за претстојната украинска пролетна контраофанзива, дека руските сили „се уште имаат време да заминат – во спротивно ќе бидат уништени“.

Зеленски рече дека не може да даде конкретни детали за претстојната контраофанзива, „бидејќи не можеме да им дадеме можност на терористите од Руската Федерација да се подготват за нашите методи и чекори кон деокупација“, пишува Киев Индипендент.

Дискусиите за контраофанзивата траат со месеци, а Зеленски на 25 март рече дека контраофанзивата била одбиена поради недостиг на оружје, вклучувајќи тешка опрема и борбени авиони, јави Танјуг.

Во меѓувреме, Словачка и Полска се првите земји што испратија борбени авиони во Украина: Словачка префрли четири од вкупно 13 МиГ-29 на 23 март, додека Полска ја испорача првата серија авиони на 3 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…