Објавено на:

Зеленски: Русија го претвори Донбас во пекол

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека регионот Донбас го претвора во „пекол“, додека таму се водат интензивни борби, јавува ББЦ.

Во ноќното обраќање од Киев, Зеленски рече дека руските сили го израмниле регионот.

-Постојани се штрајкови на регионот Одеса, на градовите во централна Украина. Донбас е целосно уништен, изјави претседателот на Украина.

Русија го префрли најголемиот дел од фокусот на својата војна во источна Украина, откако ги повлече своите сили во близина на главниот град Киев. Битката за старото индустриско срце на Украина познато како Донбас веројатно ќе ја реши судбината на руската инвазија, пишува Би-Би-Си. Донбас е претежно рускојазично подрачје, а Русија постојано зборуваше за „ослободување“ на регионот, а исто така е „дом“ на две самопрогласени републики, Луганската и Доњецката народна република.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина го претстави новото најсовремено нападно беспилотно…

Ново, најсовремено украинско нападно беспилотно летало беше…

Русија во Украина зароби едно од најмодерните…

На почетокот од март годинава украинските вооружени…

Борел: Западот не може да ѝ помогне…

Западот не може да ѝ пружи иста…

Словачка: Не можеме повеќе да и помагаме…

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова денеска во Варшава изјави…

Трамп: Нема веќе подароци за Украина, само…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави…