Зеленски: Русија изврши еден од најголемите воздушни напади врз Киев
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија во текот на ноќта извршила еден од своите најголеми воздушни напади врз Киев, користејќи 315 дронови и седум ракети, кои погодиле и други делови од земјата.
„Руските ракетни напади и дронови од типот ’Шахид‘ ги поткопуваат напорите на САД и другите земји за принудување на Русија кон мир“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.
Според Воздухопловните сили на Украина, противвоздушната одбрана неутрализирала 284 од вкупно 322 руски проектили.
Рано утрово Русија извршила напади со дронови и ракети врз повеќе украински градови. Во нападот врз Одеса загинале најмалку две лица, а девет се повредени, додека во Киев повредени се четири лица, соопштија украинските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 19-годишник од Куманово, го нападнал својот…
Деветнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва по…
Тепачка со кундак од пиштол и метален…
Вчера во 19:20 часот во СВР Скопје…
Град Скопје најави авионска и терестична дезинсекција…
Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионска…
Рацете на политиката подалеку од образованието, машите…
„Рацете на политиката подалеку од образованието“ –…
Ќе паѓаат ли сметките за струја? Владата…
Цената на електричната енергија останува едно од…