Зеленски: Русија ќе се обиде да го уништи нашиот енергетски систем зимава!
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека руските сили ќе се обидат да го уништат украинскиот електроенергетски систем оваа зима.
„Сегашното раководство на Русија го прави она што го правеше претходно. Ги повторуваат сите грешки и сето зло. Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем. Тие не можат да ја прифатат идејата дека Украина нема да биде освоена“, рече Зеленски во обраќањето објавено на веб-страницата на претседателството.
Тој додаде дека Украина презема дополнителни чекори, преку соработка со партнерите, за зајакнување на својата одбрана. Зеленски изјави дека со Германија преговара за испорака на „Патриот“, со Италија за нов пакет воена помош, а со Шпанија веќе е договорена испораката на дополнителни системи за противвоздушна одбрана „јастреб“. Во исто време, украинскиот претседател додаде дека во тек се преговори со Велика Британија, Франција, Холандија и со Европската унија, пренесува Танјуг.
„За Украина, Европската унија не претставува само економска безбедност, туку и мотивација. Мотивација за нас, нашите војници и целиот наш народ. „Мотив да се бориме, да се спротивставиме и да ја надминеме оваа зима и да ги постигнеме нашите национални цели и покрај рускиот терор“, заклучи Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…