Зеленски се жали: Без американската помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди дека неговата земја ќе ја загуби војната против Русија доколку ветената американска помош од 60 милијарди долари, што ја најави американскиот претседател Џо Бајден, остане блокирана во Конгресот од страна на републиканците.
„Ако Конгресот не и помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби војната“, рече Зеленски во видео-обраќањето до претставниците на владината платформа за собирање средства за Украина „Обединети24“.
Тој рече дека Украина доколку ја загуби војната, други земји ќе бидат нападнати и дека Русија тогаш силно ќе испрати нуклеарна закана до западните земји.
Американската програма за воена и економска помош за Киев од 60 милијарди долари е блокирана во Конгресот од минатата година поради поделбите меѓу демократите и републиканците, кои се подготвуваат за претседателските избори во ноември.
Донесувањето на помошта е суспендирано по налог на приврзаниците на поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат за ноемвриските избори, Доналд Трамп, во Конгресот, кои одбиваат да го разгледаат текстот, поврзувајќи го со регулирањето на имиграцијата во САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
Јакуп Хусеини е кандидат на ВЛЕН за…
Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат…
Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од…
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на…