Зеленски се налути: Доцнењето на санкциите на ЕУ за Русија е неприфатливо
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го поздрави шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија, но го критикуваше „неприфатливото“ одложување на одлуката.
„За нас не е прифатлива ситуацијата, меѓу петтиот и шестиот пакет санкции да поминат повеќе од 50 дена“, рече Зеленски на прес-конференцијата со словачката претседателка Зузана Чапутова.
На самитот на ЕУ вчера и денеска беше постигнат политички договор за забрана на увоз на руска нафта со бродови до крајот на оваа година, а договорено е и привремено ослободување за нафтата што ја испорачува нафтоводот Дружба за да не останат без сурова нафта преку ноќ оние земји кои немаат излез на море.
Ова би требало да го намали извозот на руска сурова нафта во ЕУ за 90 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…