Зеленски се пожали: Руските напади уништија 30 отсто од украинските електрани
Руските воздушни напади од 10 октомври уништија 30 отсто од украинските електрани, информираше денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој на Твитер напиша дека нападите предизвикале масовни прекини на струја низ Украина и оти „не остана простор за преговори“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски ја обвини Русија за убивање и тероризирање цивили, по денешните воздушни напади врз украински градови.
Руските сили денеска ја нападнаа енергетската инфраструктура во северниот дел на Киев, а регистрирани се неколку експлозии во градот. Без струја и вода остана градот Житомир, тврдат украински претставници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата Лав XIV остро против евтаназијата: Она…
Папата Лав XIV денеска ја осуди евтаназијата…
Фон дер Лајен најави помош од речиси…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Малолетник се здобил со тешки повреди откако…
Малолетник е тешко повреден откако бил удрен…
Пет пожари регистрирани денеска до 18 часот
Центарот за управување со кризи информира дека…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…