Зеленски се пожали: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека сакал контраофанзивата против руските сили да почне порано и дека за таа цел побарал од западните сојузници да ја забрзаат испораката на оружје, пренесуваат британските медиуми.

-Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија ќе биде минирана, кажа украинскиот лидер, објаснувајќи дека одложувањето им дало можност на Русите да постават повеќе мини и подобро да ги зајакнат нивните одбранбени линии.
Според Зеленски, тешкотиите на бојното поле ја одложиле контраофанзивата на Киев, чија цел е да ги истисне руските сили од териториите во источна и јужна Украина, што се под нивна контрола.
Зеленски во интервјуто за Си-ен-ен повторно ги повика своите сојузници да и дадат на Украина понапредно оружје, како што се борбени авиони Ф-16 и ракети со поголем дострел. Тој, исто така, им се заблагодари на Вашингтон и европските сојузници за нивната поддршка.
-Не станува збор за потребата од украинска супериорност на небото, туку едноставно за изедначување на силите со Русите, истакна Зеленски.
Британските медиуми потсетуваат дека украинскиот претседател минатата недела изјави дека контраофанзивата се одвива побавно од посакуваното, но нагласи дека украинските сили напредуваат на сите фронтов-Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија ќе биде минирана, кажа украинскиот лидер, објаснувајќи дека одложувањето им дало можност на Русите да постават повеќе мини и подобро да ги зајакнат нивните одбранбени линии.
Според Зеленски, тешкотиите на бојното поле ја одложиле контраофанзивата на Киев, чија цел е да ги истисне руските сили од териториите во источна и јужна Украина, што се под нивна контрола.
Зеленски во интервјуто за Си-ен-ен повторно ги повика своите сојузници да и дадат на Украина понапредно оружје, како што се борбени авиони Ф-16 и ракети со поголем дострел. Тој, исто така, им се заблагодари на Вашингтон и европските сојузници за нивната поддршка.
-Не станува збор за потребата од украинска супериорност на небото, туку едноставно за изедначување на силите со Русите, истакна Зеленски.
Британските медиуми потсетуваат дека украинскиот претседател минатата недела изјави дека контраофанзивата се одвива побавно од посакуваното, но нагласи дека украинските сили напредуваат на сите фронтови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…
Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да…
Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето…
Изгореле куќа и помошна просторија во пробиштипското…
Во пожар кој избувнал вчера во селото…
Нема да избегам ако ги изгубам изборите,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ги отфрли…
ВЛЕН: ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ЗА ЗДРАВСТВОТО ВО ТЕТОВО,…
Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН,…