Објавено на:

Зеленски: Сирски има одврзани раце

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, има одврзани раце за сите кадровски промени во армијата и во штабот.

Во редовното видео-обраќање, Зеленски рече дека на почетокот на следната недела, кога Сирски ќе се врати од линијата на фронтот, ги очекува неговите конкретни предлози за натамошни промени во армијата и планираните дејствија, пишува Украинска Правда.

– Сите украински команданти мора да го знаат фронтот, да го почувствуваат фронтот, вистинските потреби, мора вистински да бидат со војниците, наредниците, да бидат такви какви што мора да бидат за да се постигнат украинските цели, нагласи Зеленски.

Сирски вчера најави кадровски промени меѓу командантите на бригадите чии постапки, според него, претставуваат закана за животот и здравјето на подредените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…