Зеленски си го кажа своето: Прво враќање на територијалниот интегритет па после преговори со Москва!
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во контекст на најавата на странските медиуми дека Западот го турка Киев на дијалог со Москва, ги постави условите за почеток на преговорите со Русија.
„Враќање на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на ОН, компензација за секаква воена штета, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа нема да се повтори – тоа се апсолутно разбирливи услови“, објави Зеленски на својот канал Телеграм.
Ден претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е отворена за контакти со Киев, но дека самата Украина законски забранила какви било преговори со руската страна.
Указот на Зеленски од 4 октомври, со кој беше одобрена одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на земјата дека преговорите со рускиот претседател Владимир Путин се невозможни, сега е на сила во Украина.
Како што пишува италијанскиот весник „Република“, САД и земјите од НАТО разговараат за условите под кои би можел да продолжи дијалогот меѓу Украина и Русија. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите, објави дека Белата куќа побарала од украинското раководство да покаже отвореност за преговори.
Волстрит журнал, повикувајќи се на извори, објави дека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан бил во контакт со помошникот на рускиот претседател за меѓународни прашања Јуриј Ушаков и секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев во последните месеци. Според изданието, целта на преговорите е да се спречи ескалација на конфликтот во Украина, вклучувајќи ја и заканата од употреба на нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Украина ја очекува уште една сурова зима,…
Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…