Објавено на:

Зеленски: Следната недела ќе биде објавена „Книга на крвниците“

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека земјата ќе отвори „книга на крвниците“, што всушност претставува систем за собирање докази за воените злосторства за кои Киев тврди дека биле извршени за време на руската окупација.

Украинското обвинителство соопшти дека, откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, евидентирало повеќе од 12.000 воени злосторства, во кои се осомничени повеќе од 600 лица.

-Следната недела ќе биде објавена специјална публикација „Книга на крвниците“, систем што ќе собира податоци за воените злосторства и криминалците од руската армија, рече Зеленски во најновата видео порака.

Според неговата забелешка, оваа книга ќе биде клучниот елемент во неговото барање руските војници да се повикаат на одговорност за, како што велат, украинските убиства, силувања и грабежи.

-Тоа се конкретни факти за конкретни лица виновни за конкретни сурови злосторства против Украинците, рече Зеленски, споменувајќи го киевското предградие Буча, каде, според истражителите, беа пронајдени докази за масовни егзекуции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…

Полска ја предупреди Украина за последиците од…

Украина ќе добие над 6 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…