Зеленски со ново барање: ОН да одговори на руските напади на цивилната инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува против Русија поради воздушните напади врз цивилната инфраструктура, кои повторно предизвикаа масовни прекини на струја ширум Украина и соседна Молдавија.
Русија изврши ракетни напади ширум Украина во средата, при што загинаа 10 лица и принудно беа затворени нуклеарни централи и прекинато беше снабдувањето со вода и електрична енергија на многу места, наведоа украинските власти.
„За само еден ден бевме погодени од 70 проектили. Тоа е руската формула на теророт. Сето тоа е насочено против нашата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски во синоќешното обраќање преку видео врска на состанокот на Советот за безбедност на ОН
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…