Зеленски со одговор на Путиновите споредби: „Ниту Петар Велики, ниту Лав Толстој, туку деца ранети и убиени во руските напади“
„Украинските бранители жестоко се борат за секој метар од Северодонецк“, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Руските вооружени сили поседуваат голем дел од Северодонецк, по пат рушејќи делови од градот и претставувајќи една од најкрвавите борби од инвазијата на 24 февруари. Победата таму може да им даде поттик на Русија во пошироката битка за контрола на источниот украински регион Донбас.
„Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета: Тие продолжуваат да вршат притисок врз Северодонецк, таму се водат жестоки борби за секој метар“, изјави украинскиот претседател во ноќното видео обраќање во неделата, додавајќи дека руската армија се обидува да донесе нови сили во Донбас.
Зеленски посочи дека сликата на 12-годишното рането момче е трајно лице за Русија ширум светот.
„Овие факти ќе одредат како светот гледа на Русија“, посочи Зеленски.
„Ниту Петар Велики, ниту Лав Толстој, туку деца ранети и убиени во руските напади“, изјави тој како одговор на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој ја спореди својата воена операција со руската инвазија на шведка територија во XVIII век.
„Околу 500 цивили остануваат во областа на фабриката Азор, од кои 40 се деца. Понекогаш војската успева да евакуира некого“, посочи гувернерот на провинцијата Луганск
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…