Зеленски со порака до својот народ: Нема да ги предадам интересите на мојата земја
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот најави дека ќе предложи „алтернативи“ на планот на САД за прекин на конфликтот со Русија, велејќи дека нема да ги предаде националните интереси на својата земја.
Во видео изјава, тој ги повика Украинците да останат обединети во она што го опиша како еден од најтешките моменти во историјата на земјата, додавајќи дека очекува поголем политички притисок во текот на следната недела.
Зеленски рече дека ќе соработува конструктивно со САД на мировен план за прекин на војната на Украина со Русија и ќе предложи „алтернативи“ на планот на САД за прекин на конфликтот, кој генерално се смета за многу поволен за Москва, ветувајќи дека нема да ги „предаде“ интересите на Украина.
„Ќе презентирам аргументи, ќе убедам, ќе предложам алтернативи“, рече Зеленски во видео обраќање до нацијата, ветувајќи дека нема да ја „предаде“ Украина.
Украина ризикува да ја изгуби поддршката на САД поради планот на Вашингтон за прекин на војната со Русија, предупреди тој.
„Украина би можела да се соочи со многу тежок избор: губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“, рече Зеленски во видео обраќање до нацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…