Зеленски со предупредување до светските лидери:„Не му верувајте на Путин, тој не сака крај на војната“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги предупреди светските лидери да не му веруваат на Путин и неговите тврдења дека сака крај на војната.
Зеленски ја даде изјавата по драматичните настани во последните 24 часа кои вклучија телефонски разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во обид да започнат мировни преговори.
Зеленски денеска имаше телефонски разговор и со полскиот премиер Доналд Туск.
– Разговарав со полскиот премиер Доналд Туск. Разговаравме за условите неопходни за траен и вистински мир во Украина и се согласивме дека никакви преговори со Путин не можат да започнат без обединета позиција на Украина, Европа и САД. Го информирав премиерот за мојот разговор со претседателот Трамп и разговаравме за клучните пораки и потребата да се усогласат ставовите на сите Европејци за да се постигнат успешни исходи за цела Европа. Нагласив дека Украина мора да преговара од позиција на сила, со силни и сигурни безбедносни гаранции и дека членството во НАТО ќе биде најпрофитабилно за партнерите. Друга клучна гаранција е сериозната инвестиција во одбранбената индустрија на Украина. Ги предупредив и светските лидери да не веруваат во тврдењата на Путин за неговата подготвеност да стави крај на војната“, заклучи Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Соборен украински МиГ-29, загина пилотот
Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…