Зеленски: Три деца и татко убиени во руски напади

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес објави дека руските напади продолжиле по целата граница со Русија и на сите линии на фронтот, наведувајќи дека во напад со беспилотни летала во Харковскиот регион загинале три деца и нивниот татко, со порака дека, додека руските напади продолжуваат, јавноста не може да има доверба во дипломатијата. Зеленски на социјалната мрежа X изјави дека добил извештаи за постојани руски напади, истакнувајќи дека само во Херсон во последните 24 часа се регистрирани 470 напади со беспилотни летала, од кои повеќето се неутрализирани, но имало и удари.

Според него, во градот Боходухив во Харковскиот регион, руски дрон директно погодил станбена зграда, при што загинале две двегодишни момчиња и едногодишно девојче, како и нивниот татко, додека мајката била хоспитализирана. Тој изјави дека во тек е обновување на снабдувањето со гас во Донецчкиот регион по рускиот напад и дека се регистрирани напади врз инфраструктурата во Дњепропетровскиот регион и дека некои потрошувачи во Запорожје се без електрична енергија по нападот со беспилотни летала.

Зеленски оцени дека безбедносните прашања во моментов се апсолутен приоритет и рече дека, додека Русија продолжува да напаѓа цивили и инфраструктура, јавноста не може да има доверба во дипломатијата. Тој додаде дека очекува украинските дипломати да го пренесат ставот на Киев за безбедносната ситуација на партнерите, вклучувајќи ги САД и европските земји, и да ги информираат за реалната состојба на терен, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…