Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните територии, тоа е црвената линија за нас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина нема да ги признае териториите окупирани од Русија и нема да се согласи да ја намали својата војска за време на претстојните разговори за ставање крај на војната.
„Наш приоритет е нашата силна армија. Значи, ова е црвена линија за нас – нема намалување на бројот на нашата армија. Да бидам искрен, ќе направиме се за да ја задржиме армијата во состојбата во која е денес. Голема армија, три пати поголема отколку што беше на почетокот на војната“, рече тој на средбата со лидерите на територијалните заедници на Чернихив.
Зеленски, исто така, истакна дека приоритетната „црвена линија“ на Украина во идните мировни преговори ќе биде непризнавањето на териториите окупирани од Русија.
„Друго геополитичко прашање е непризнавањето на какви било територии окупирани од Русија. Тоа се украински територии, ова е една од најважните црвени линии за нас. Во секој случај, тоа се привремено окупирани територии“, нагласи украинскиот лидер, пренесува Укринформ.
Тој рече и дека праведен мир ќе дојде кога ќе се вратат сите територии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина нема да ги признае окупираните…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…
Адмирал на НАТО за Украина: Лошиот мир…
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал…
Украинските сили за противвоздушна одбрана пресретнале 65…
Од Украинските сили за противвоздушна одбрана информираа…
Зеленски: Украина нема да ја признае американската…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Телата на 909 загинати војници се вратени…
Телата на 909 загинати војници се вратени…