Зеленски: Украинската одбрана се повеќе се потпира на дронови
Украина се повеќе се потпира на различни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на редовното видео обраќање до Украинците.
– Тоа е очигледен приоритет на Украина и конкретен начин за заштита на животите на нашите борци, рече Зеленски за развојот на борбената тактика со беспилотни летала против Русија.
Тој ги истакна и резултатите од неговото учество на консултациите со владата и армијата во Киев за залихите на беспилотни летала со кои располага и што е потребно од нив на првата линија на одбраната.
– Ќе ја забрзаме логистиката, изјави претседателот на Украина, каде, исто така, интензивно се работи на подобрување на ефикасноста на беспилотните летала.
Важноста на беспилотните летала од сите големини значително се зголеми во речиси 22-те месеци од војната.
Украинските и руските војници користат мали дронови со камери за да го набљудуваат секое движење на непријателот на бојното поле. Таквото летало може да исфрли и мали експлозивни полнења над тенкови или ровови.
Украинците ги користат дроновите за делумно да компензираат за нивните мали резерви на артилериска муниција, но Русија има многу ефикасна технологија за заглавување на електрониката на непријателските беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска за помилувањето на Шефије: 35 години…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го образложи помилувањето на…
Европското јавно обвинителство гони бугарски лозар за…
Бугарската канцеларија на Европското јавно обвинителство поднесе…
Маж од Делчевско ја нападнал и заклучил…
Полицијата во Делчево го приведе А.З. (40),…
Сиљановска Давкова помилува жена осудена за убиство…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека 71-годишната Шефије…
Тетовец натепал полицаец во Комплексот клиники „Мајка…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.И.…