Зеленски ја напушти Украина: Во САД ќе се сретне со Бајден!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе престојува во Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот колега Џо Бајден и ќе одржи говор во Конгресот, пренесоа светските агенции. Информацијата ја потврдија Белата куќа и самиот Зеленски на Твитер. Ова ќе биде прва посета на Зеленски во странство од почетокот на руската инвазија. Тој ќе остане во САД неколку часа.
Зеленски во Вашингтон ќе разговара со Бајден, кој ќе најави дополнителна безбедносна помош за Киев од милијарда и 800 милиони долари, пренесува Си-Ен-Ен. Се очекува да бидат вклучени ракетните системи Патриот.
„Се надевам дека вашиот лет ќе помине добро, Володимир. Многу ми е мило што те запознав. Имаме многу да разговараме“, напиша Бајден на Твитер неколку часа пред средбата.
Според извори на Политико, украинската делегација ќе се обиде да добие и тактички балистички ракети ATACMS, кои имаат дострел од 300 километри, како и ударни и извидувачки беспилотни летала Grey Eagle и Reaper.
Од почетокот на руската инвазија, САД испратија воена помош за украинската земја во износ од околу 20 милијарди долари Светската банка одобри нов пакет дополнително финансирање за Киев од 610 милиони долари.
Во меѓувреме, во специјалното обраќање на „Фејсбук“, врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни го поддржа предлог-законот кој предвидува построги казни за војската за дезертерство или непочитување на наредбите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…
Трамп: „Војната со Иран ќе заврши по…
Во време кога војната со Иран почнува…