Објавено на:

Зеленски ја обвинува Москва дека сака глобална прехранбена катастрофа

t

Украинскиот претседател Володомир Зеленски во своето последно редовно обраќање до сонародниците ноќеска ги опфати повторените напади на Москва врз украинските пристаништа, при што ја обвини Русија дека „води битка за глобална катастрофа“ со гаѓање на капацитетите за складирање жито, пренесе Скај Њуз.

-Во нивното лудило, им треба колапс на светските пазари на храна, им треба ценовна криза, им требаат прекини во снабдувањето, рече тој.

Русија во изминатите две недели лансираше голем број ракети кон украинските пристаништа на Црното Море , откако се повлече од клучниот договор за жито на 17 јули.

Повеќето од нив беа насочени кон пристаништата околу Одеса, но синоќешниот напад го погоди пристанишниот град Измаил, на еден километар од границата меѓу Украина и Романија.

Зеленски притоа кажа дека „е многу важно светот да не се навикне на овој руски терор“.

-Секој удар е заеднички проблем. Не само за Украина, туку и за сите оние во светот чија стабилност Русија се обидува да ја уништи со напади на нашите пристаништа и инфраструктура, кажа украинскиот претседател во ноќното обраќање до сонародниците.

Украина тврди дека во синоќешниот напад биле уништени речиси 40.000 тони жито, што било наменето за Кина, Израел и делови од Африка, пренесе Скај Њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Руската ФСБ спречила терористички напад на синагога…

Руската ФСБ спречила терористички напад во една…

(Видео) Обвинетите за масакрот во трговскиот центар…

Еден од обвинетите за учество во терористичкиот…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…

Приведени утре три лица за терористичкиот напад…

Безбедносните сили привеле во Москва, Екатеринбург и…