Зеленски ја опиша битката за Донбас како болна и тешка
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека неговата армија е ангажирана во „болна и тешка“ битка против руските сили во регионот Донбас, на истокот на земјата, каде што се наоѓа градот Бахмут.
– Би сакал да оддадам посебна почит на храброста, силата и издржливоста на војниците кои се борат во Донбас, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање и додаде дека тоа е „една од најтешките битки – болна и тешка“.
И покрај неговата стратешка важност, која експертите ја оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија го анектираше без да преземе целосна контрола врз областа.
Зеленски им се заблагодари и на украинските војници „кои ги одбија нападите, го уништија окупаторот, ги ослабнаа позициите и логистиката на непријателот и ги заштитија украинските граници и градови“.
– Им благодарам на целата армија, стража, граничари кои ја бранат нашата земја околу Бахмут, Вугледар, Авдиевка, Сиверск, Сватов, Лиман и Запорожје, додаде претседателот на Украина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите во Србија најавуваат специјален суд и…
По изборната победа во Србија, студентското движење…
Ново поврзување меѓу Македонија и Црна Гора:…
Договорена е директна авионска линија која ќе…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…
Ова се топ кандидатите за наследник на…
Предвременото повлекување на Кристин Лагард од функцијата…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…