Зеленски ја откажа средбата со Германците бидејќи одбилe да обезбедат воeна помош за Украина

t

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи поради несогласувањата околу гасоводот Северен тек 2 и воената помош за Киев, објави Си-Ен-Ен.

– Извор близок до украинската влада ми кажа дека претседателот Зеленски денеска ја откажал средбата со германската министерка за надворешни работи бидејќи таа одбила да каже дали Германија ќе го напушти проектот Северен тек 2 доколку Русија изврши инвазија, како и одбивањето на Германија да обезбеди каква било каква директна или индиректна воена помош за Киев – напиша на Твитер новинарот на Си-Ен-Ен, Џејк Тапер, а пренесува руската агенција ТАСС.

Тој додаде дека ова откажување официјално е окарактеризирано како „грешка во распоредот“.

„Многумина во Источна Европа и Киев се повеќе ја гледаат Германија како руски сојузник, а не како западен сојузник“, рече репортерот на CNN, цитирајќи го истиот извор.

Бурбок вчера откри дека не можела да се сретне со Зеленски, бидејќи на средбата требало да присуствува и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, но француската страна имала промена на плановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…