Зеленски: Ќе ги насочиме сите сили да ја ослободиме земјата, ќе издржиме! Ќе победиме!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави дека дел од приватните претпријатија во државата ќе мора да бидат преземени на управување од државата, за како што вели тој поефикасно и покоординирано одбивање на непријателот.
Зеленски истакна дека Украина ќе победи.
– Нашето одбивање на непријателот мора да биде што е можно поефикасно и координирано. На состанокот на Штабот на Врховниот командант беше донесена одлука за пренос на средствата на стратешки важни претпријатија во државна сопственост – АД „Мотор сич“, АД „Запорижтрансформатор“, АДС „АвтоКраЗ“, АД „Укрнафта“. “, ПЈС „Укртатнафта“.
Ваквите чекори се неопходни за нашата држава во услови на војна, тие се одвиваат во согласност со сегашните закони и ќе помогнат да се обезбедат итните потреби на нашиот одбранбен сектор.
Во овие тешки времиња, ние мора да ги насочиме сите наши сили да ја ослободиме нашата земја и народ и да ја поддржиме украинската армија.
Ќе издржиме! Ќе победиме! – напиша Зеленски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…