Зеленски: 200.000 деца се киднапирани од Русите
Сè уште има борби на улиците на Северодонецк, но руските сили сега контролираат околу 80 отсто од овој стратешки град во источна Украина, изјави шефот на регионалната воена администрација на Луганск, Серхи Гејдај, пренесува Си-Ен-Ен.
„На некои улици, нашите бранители се успешни“, рече Гејдеј, истакнувајќи дека шест руски војници се заробени.
Борбите продолжуваат и во селата на југ и запад од градот, додека московските трупи се обидуваат целосно да ја опколат украинската одбрана.
Во меѓувреме, претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека 200.000 украински деца биле насилно однесени во Русија, вклучително и оние од сиропиталиштата. Зеленски за време на Меѓународниот ден на детето во текот на ноќното видео до нацијата објасни дека досега во војната загинале 243 деца, 446 се повредени, а 139 се водат како исчезнати.
„Целта на оваа криминална политика не е само да го крадат народот, туку да ги натерате оние што се депортирани да заборават на Украина“, рече украинскиот претседател.
„Украина не може да се освои, нашиот народ нема да се откаже и нашите деца нема да станат сопственост на окупаторите“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
ДВЕ СОМНИТЕЛНИ ВОЗДУШНИ ЦЕЛИ ПРЕСРЕТНАТИ КАЈ ГРАНИЦАТА…
Две воздушни цели биле забележани во близина…
(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ВИДЕА) ИНЦИДЕНТ ВО БЛИЗИНА НА КИЕВ:…
Сериозен инцидент во кој се вклучени припадници…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…
Хакерски напад предизвика лажни нуклеарни и хемиски…