Земете си пуканки: Боки 13 ќе достави МИЛИОН И СТО И ПЕДЕСЕТ ИЛЈАДИ БОМБИ до Абази!

t

„Започнува кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг“. Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. „бомби”, заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, се вели во сопштението на правниот тим на Бојан Јовановски, кое следува по оформувањето на предмет од страна на шефот на Обвинителството, Ислам Абази.

„Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот „Бумеранг“ бараме и очекуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител. Исто така, напоменуваме дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име „Бумеранг“.

Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите“, посочува адвокатскиот тим на Боки 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова ли е демократија? Франција затвора…

Во градот Бове, Франција, започна правна постапка…