Земјите од ЕУ издвоиле 6,1 отсто повеќе од своите буџети за социјална помош од претходната година
Според раните проценки, вкупните трошоци за социјална заштита во Европската унија достигнаа 4.583 милијарди евра во текот на 2023 година што е зголемување од 6,1 отсто во однос на истиот период претходната година, соопшти денеска Евростат.
Заводот за статистика на ЕУ наведува дека расходите за социјална заштита претставуваат 26,8 отсто од вкупниот бруто домашен производ (БДП) на Европската унија, што претставува намалување за 0,1 процентен поен во однос на претходната година. Меѓу земјите на ЕУ, за кои беа направени проценки за 2023 година, расходите за социјална заштита како процент од БДП беа највисоки во Франција (31,3 проценти), Финска (31,2) и Австрија (29,7). Ирска (12 проценти), Малта (13,2) и Естонија (15,3).
Бенефициите за старост и болест (здравствена заштита) го сочинуваа главниот дел од бенефициите од социјалната заштита во сите земји на ЕУ, а другите категории вклучуваат инвалидитет, семејство (деца), невработеност, домување и социјална исклученост.
Расходите за социјална заштита се зголемија во текот на 2023 година во сите земји на ЕУ за кои беа објавени проценките. Најголем раст е забележан во Словачка (за 18,9 отсто во однос на 2022 година), Полска (18,4) и Унгарија (15,2), а најмал раст е забележан во Данска (2,3), Италија (3,5 отсто) и Естонија (3,8).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ѓорѓиевски видео од Скопје: Нема поголема…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави…
Агресивно се однесувал кон членовите на неговото…
На 28.11.2026 во гевгелиско село, полициски службеници…
Во Кочани засадени лалиња во чест на…
Во симболична акција денеска во Алејата на…
Мајка добила закани од сопствениот син
На 28.11.2026 во 22:30 часот во Велес,…
Шпански медиуми: Историска излезност на предвремените парламентарни…
Шпанските медиуми известуваат дека до 14:00 часот,…