Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија
Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор на амбасадорско ниво за единаесеттата рунда санкции против Русија, соопшти шведското претседателство со Советот на ЕУ.
Новите санкции предвидуваат подобрување на мерките против заобиколувањето на веќе воведените ограничувања против руските претставници, граѓани и организации.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го изрази своето задоволство од одлуката.
„Тоа ќе и нанесе уште еден удар на воената машина на претседателот Владимир Путин со дополнително заострување на извозните ограничувања, насочени кон организациите кои се залагаат за Кремљ“, напиша таа на Твитер.
„Новите санкции ќе ја спречат Русија да добие стоки кои се опфатени со санкциите“, додаде Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…