Земјоделка во пензија со заштедата купила и донирала возило за брза помош во Грција
Ново и целосно опремено возило на брза помош за итната служба во грчкиот град Месолонги, донираше земјоделката во пензија Атина Папахристу, а според медиумите, возилото во вредност од 65.000 евра го купила со нејзините лични заштеди, јави дописничката на МИА од Атина.
Од итната служба соопштија дека донацијата на Папахристу е во спомен на нејзиниот сопруг и истакнаа дека е постапка за пофалба.
Пенизионерката за грчките медиуми вели дека во минатото на неколку пати имала лошо искуство со брзата помош, или доцнела, поради недостиг на возила или се расипувало возилото, па била принудена да земе такси.
-Па си реков, ќе земам едно да му служи на Месолонги, рече Папахристу за телевизијата „Алфа“.
За грчките медиуми, откри и дека поставила два услови при донацијата, едниот, возилото да биде само за нејзиниот град, а другиот услов, секогаш кога ќе поминува пред нејзини куќа да ја поздрави со свирење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Голем колку јајце од ној — лекари…
Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…
Над 72 отсто од отпадните води во…
Иако повеќе од 90 отсто од испитаните…
Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…
На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…