Земјоделство бара од КЗК да испита дали има картелско здружување кај откупувачите на овошје и зеленчук
Дали откупувачите на зеленчук и овошје имаат договор и ги диктираат откупните и продажните цени ќе утврдува Комисијата за заштита од конкуренција на барање на министерството за земјоделство. Јазот меѓу откупната цена и продажната во маркетите, продавниците и пазарите на која укажуваат граѓаните е причината поради која министерот за земјоделство Серафимовски ќе достави иницијата до Комисијата за Заштита од конкуренција во која ќе бара согласно Законот за нефер трговски практики да се испита принципот на откуп на земјоделски производи и овошје и дали има евентуално картелско здружување.
„Изминативе педесет дена како сум министер, поминав 90 отсто до своето време на терен. Остварив милион средби и со земјоделците и со откупувачите и со преработувачите,. Прекомлицирана и преогромна е оваа тема и таа мора да се спои, да сфатат еднаш дека сите заедно мора да учествуваат транспарентно отворено и фер во овој процес и да излегува резултат кој ќе биде добар за сите. Овие состојби кои ги имаме сега, ако вака продолжат, ќе имаме иста проблематика и наредната година“, изјави министерот.
Цените во маркетите се стабилни, смета првиот човек на економија Бесар Дурмиши. Деновиве се чека на извештаите на Државниот завод за статистика и на пазарната инспекција за месец август за и во зависност од нивните заклучоци ќе се одлучува дали има потреба од некакви мерки и засилени контроли.
„Кога ќе излезат податоците од статистика и од пазарната инспекција ќе ја известиме јавноста. Да не сер повторуваме, како во минатото, така и сега ќе ги искористиме сите механизми кои ни стојат на располагање ако има економски неоправдано зголемување на цените на прехранбените производи или девијантно однесување на трговците“, кажа Бесар Дурмиши, министер за економија.
Министерот за економија соопшти дека кога станува збор за нафтените деривати и евентуални мерки за ублажување на ценовниот шок како што е намалувањето на ДДВ-то ќе се разговара на седница на Владата откако ќе реферира министерката за финансии.
Дурмиши денес имаше средба со министерот за труд на Катар Ал Мари на која ставија потпис на меморандумот за соработка во областа на трудот која предвидува размена на искуства и добри практики во сферата на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на мислења и експертиза при унапредувањето на законодавството во областа на трудот. Образование, здравство и ИТ секторот се трите области за кои Катар е заинтересиран кога станува збор за работата сила во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјоделство бара од КЗК да испита дали…
Дали откупувачите на зеленчук и овошје имаат…
Обвинителството уверува дека има докази за „Државна…
Обвинителството ќе настојува преку доказите и сведоците…
Гаши: Младите треба да веруваат дека и…
Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод…
Влада: Македонија со една од најниските стапки…
Најновите податоци за август покажуваат продолжување на…
МВР ги засили контролите: Приведени 8 лица…
Во текот на изминатото деноноќие, на различни…