Земјоделците ќе бараат платено боледување од државата

t

Програмата за обезбедување на 81.000 денари како деветмесечен надоместок за породилно отсуство на жените земјоделки во иднина државата планира да стане и системско решение преку измена на Законот за работни односи и задолжително здравствено осигурување. Ова беше посочено на денешната трибина со земјоделците во Општина Кривогаштани.

„Да не ги дискриминираме жените земјоделки, а од друга страна една ваква мерка е одлична мерка за зголемување на наталитетот во државата“, истакна Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика.

Вчера се објавиле и двата јавни повици за грантови од по 10.000 евра за сите регистрирани мали оператори со храна, меѓу кои најголем број се жени.

„Целта е во следните 4 години со програмите на Министерството да се поддржат со грантови и облици на кофинансирање и да се создадат и креираат 2.000 нови мали семејни бизниси. Да создадеме услови и за жените и за младите да останат тука“, додаде Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Од овие мерки се задоволни и од Федерацијата на фармери.

„Ќе се влијае позитивно за зголемување на бројот на регистрирани земјоделки и земјоделци и исто така ќе се влијае позитивно на зголемување на бројот на млади фармери жени“, изјави Васка Мојсовска, претседателката на Националната федерација на фармери.

Во иднина регистрираните земјоделци ќе бараат и платен надоместок при отсуство од работа поради болест според законот за пензиско и инвалидско осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…

(Видео) Русија го остави Киев без струја,…

Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…