Земјотрес во Албанија, почувствуван и на македонска територија
Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија.
Потресот бил во 14:50 часот на длабочина од 10 километри со епицентар во Видас на 10 километри од Елбасан, а е почувствуван и во Тирана и Драч.
Засега нема информации за причинета материјална штета.
Поради близината, земјотресот е почувствуван и на македонска територија, пред се во Струга, Охрид и Дебар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…