Земјотрес во Косово
Сеизмолошкиот институт на Косово соопшти денеска дека послаб земјотрес се почувствувал попладнево во западно Косово, во близина на градот Пеќ.
Директорот на Институтот, Шемси Мустафа информира дека земјотресот се случил во 14:59 часот по локално време и, според податоците од Сеизмичката мрежа, Геолошкиот институт на Косово и Евромедитеранскиот сеизмички центар (ЕМСЦ), неговиот епицентар бил на пет километри на север од месноста Радавц, а хипоцентричната длабочина била четири километри.
Според извештаите од Пеќ, тамошните жители добро го почувствувале тресењето на земјата, но нема извештаи за материјални штети или повредени лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…
Возило без регистарски таблички е запрено во…
Дали поранешен советник на Заев е вмешан…
Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…
(Видео) Први снимки од земјотресот во Колумбија,…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени…
Курти: Секој километар пат што нè зближува…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…
Косово разоткри и обвини српски шпион на…
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…