Земјотрес во Македонија

t

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија утринава во 06:04 часот регистрираше земјотрес со магнитуда од ML3.4 според Рихтеровата скала, со епицентар во пограничното подрачје Битола–Лерин, во соседна Грција, на околу 125 километри јужно од Скопје.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил почувствуван во Битола и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Опсерваторијата продолжува да ја следи сеизмичката активност во регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте бројот на загинати во верижниот судир…

Бројот на загинати во тешките верижни судири…

Бугарија вложува во модернизација на армијата: Набавува…

Бугарија презема нови чекори за модернизација на…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

На Арон Орбан му е одреден едномесечен…

Унгарското судство одреди едномесечен притвор за Арон…