Земјотрес попладнево во Македонија
Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион меѓу Тетово и Гостивар.
Според првичните податоци прикажани од апликациите за следење на сеизмичката активност, потресот бил регистриран денеска, 15 август, во 16:10 часот, објави 4news.mk
Епицентарот бил лоциран на координати 41,890 степени северна географска широчина и 20,770 степени источна географска должина, во планинскиот предел западно од Тетово и северозападно од Гостивар.
Земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.
Со оглед на магнитудата, станува збор за послаб земјотрес кој може да биде почувствуван од дел од населението во близина на епицентарот.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.
Се очекуваат официјални податоци од надлежните сеизмолошки институции за точната магнитуда и локацијата на епицентарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…
Компаниите што во последните три месеци редовно…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…
Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…