Земјотрес почувствуван во делови од Македонија
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
-За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112, велат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Први снимки од земјотресот во Колумбија,…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени…
Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Грција…
Денеска западниот дел на Грција беше погоден…
Силен земјотрес во Грција почувствуван и во…
Земјотрес со локална магнитуда од 5,5 степени…
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,…
Земјотрес ја погоди Грција утрово
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според…