Зечевиќ: Само со СДСМ европската иднина на државата е сигурна
Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, ги продолжува работните состаноци, попладнево со членовите и симпатизерите од општинската организација во скопската населба Аеродром.
-Големата идеја за европска иднина македонскиот народ ја сонува уште од независноста. Не случајно врвен национален интерес е членството во ЕУ, да бидеме рамноправни во големото европско семејство на државотворни народи. Реализацијата на таа идеја во реалност е можна само со СДСМ и коалицијата што ја предводи. Европската иднина на нашиот народ и на македонската земја е сигурна и извесна со овој концепт за Европска Македонија кој го предводи СДСМ. Да се обединиме околу овој концепт, силно и одлучно да продолжиме по европскиот пат за идните македонски генерации да имаат чист пат, рече Зечевиќ.
После 17 чекање, ги започнавме преговорите за членство во ЕУ. Тој процес се одвива на македонски јазик и кирилично писмо а сето тоа е по заслуга на визијата, храброста и одговорноста на СДСМ, порача Зечевиќ.
Зечевиќ пред присутните посочи дека СДСМ мина низ процес на консолидација, дека партијата сега е во одлична кондиција, повторно на победничките патеки и меѓу граѓаните, меѓу членовите, онаму каде припаѓа.
– Постојано на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите. Масовната посетеност на трибините „Силно и одлучно кон иднината“ низ градовите ширум државата е потврда дека државотворните политики на СДСМ се препознени, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пренесуваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…
Кога наместо да деде одговор на конкретно…
СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…