Зеќири не е повеќе член на Извршниот одбор на СДСМ, сменети уште неколку членови

t

Централниот одбор на СДСМ ги избра новите потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, а министерските функции во новиот владин кабинет ќе се знаат по новогодишните празници.

Нови потпретседатели на СДСМ се Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и ексградоначалникот на Карпош Стефан Богоев. На овие функции повеќе ги нема Мила Царовска, Венко Филипче и Оливер Спасовски, додека потпретседател останува Фатмир Битиќи.

Сања Лукаревска ќе остане заменик-претседател на Партијата.

Нов организациски секретар на СДСМ е Вангел Андрески, поранешен директор на ПОЦ, Бојан Маричиќ е избран за секретар за меѓународна соработка, а Миле Зечевиќ за генерален секретар.

Пратеничката и шеф на кабинетот на Венко Филипче во министерството за здравство, Даниела Колева, поранешниот генерален секретар на партијата, Дритон Исмаили, Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Рилак се дел од новите имиња на Извршниот одбор на партијата.

Покрај нив, актуелните членови остануваат Ана Данева Маркова, Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити. Во тоа тело, ќе ги нема Мухамед Зеќири, Благој Бочварски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ.

Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од работата на партијата и рече дека се надева дека тие ќе бидат дел и од работата во иднина.

Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова Влада. Очекувам новата Влада да биде составена кон средината на новиот месец, а пред нас ги имаме енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, преговорите со Бугарија. Сметам дека можеме сите овие предизвици да ги надминеме до 2024 година до кога е и мандатот на Владата. СДСМ почнува нов дел од историјата и верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата – порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ до Трипуновски: Срамно е да се…

ВМРО ДПМЕ и министерот за земјоделство, шумарство…

СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…

СДСМ се огласи по повод изјавата на…

Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…

СДСМ бара Таравари да поднесе оставка

Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…

СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…

„Зголемените трошоци за живот се претворија во…