Зеќири не е повеќе член на Извршниот одбор на СДСМ, сменети уште неколку членови

t

Централниот одбор на СДСМ ги избра новите потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, а министерските функции во новиот владин кабинет ќе се знаат по новогодишните празници.

Нови потпретседатели на СДСМ се Бисера Костадиновска Стојчевска, Перо Костадинов и ексградоначалникот на Карпош Стефан Богоев. На овие функции повеќе ги нема Мила Царовска, Венко Филипче и Оливер Спасовски, додека потпретседател останува Фатмир Битиќи.

Сања Лукаревска ќе остане заменик-претседател на Партијата.

Нов организациски секретар на СДСМ е Вангел Андрески, поранешен директор на ПОЦ, Бојан Маричиќ е избран за секретар за меѓународна соработка, а Миле Зечевиќ за генерален секретар.

Пратеничката и шеф на кабинетот на Венко Филипче во министерството за здравство, Даниела Колева, поранешниот генерален секретар на партијата, Дритон Исмаили, Андреј Петров, Мишко Ралев, Никола Рилак се дел од новите имиња на Извршниот одбор на партијата.

Покрај нив, актуелните членови остануваат Ана Данева Маркова, Петре Шилегов, Милена Стевановиќ, Костадин Костадинов, Дарко Каевски, Нина Фити. Во тоа тело, ќе ги нема Мухамед Зеќири, Благој Бочварски, Васко Ковачевски, Тања Томиќ.

Ковачевски изрази благодарност за досегашната работа на сите кои биле дел од работата на партијата и рече дека се надева дека тие ќе бидат дел и од работата во иднина.

Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова Влада. Очекувам новата Влада да биде составена кон средината на новиот месец, а пред нас ги имаме енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, преговорите со Бугарија. Сметам дека можеме сите овие предизвици да ги надминеме до 2024 година до кога е и мандатот на Владата. СДСМ почнува нов дел од историјата и верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата – порача Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петров: Неприфатливо е МТВ да биде партиска…

ДПМНЕ лиферуваат лажни анкети, коишто со документи…

Ковачевски: Европска Македонија ќе биде реалност! Нема…

Победата почнува тука, денеска, победата почнува со…

СДСМ: Со ДПМНЕ безбедносната состојба во земјата…

Се влошува безбедносната состојба во Македонија. Само…

Петровска: СДСМ има идеја и концепт како…

СДСМ во овие седум години по доаѓањето…

(Видео) СДСМ основа Медицински факултет во Битола

Со усвоениот Закон предложен од пратениците на…