Зибери убеден дека ќе биде прв Албанец премиер: Коалицијата СДСМ-ДУИ ќе успее да обезбеди премиер Албанец во последните 100 дена
Сонот на Насер Зибери да стане првиот премиер Албанец на Македонија сè уште не е згаснат. Тој е убеден дека коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ ќе се спроведе во последните три месеци од постоењето на актуелната Влада. Во емисијата „200“ на Алсат, Зибери за прв пат откри дека со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, повторно ја отворил оваа тема. Зибери добил и понуда да ја преземе функцијата на Артан Груби.
„Еве ја користам приликата за прв пат да ги информирам вашите гледачи дека од последните разговори на оваа тема со претседателот Ахмети, договоривме дека во дадениот момент кога ќе биде ова прашање на дневен ред, повторно да седнеме да разговараме и заедно да процениме што е најдобро за граѓаните пред сè. За волја на вистината лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции“, вели Зибери.
-Какви опции ви беа понудени?
„Во смисла на прв вицепремиер на Владата, министер за правда и други функции“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…