Зимска бајка: Македонија под дебела снежна покривка
Прекрасното Крушево вечерва со снежна покривка од над 30 сантиметри! Обилните врнежи од снег продолжуваат, па така и снежната покривка ќе се зголемува, објваи синоќа метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Под „дебела“ снежна покривка се и Маврово и Берово, за што Попоски објави и видеа.
Во текот на оваа ноќ и утре (сабота) снежниот бран ќе се прошири во најголем дел од Македонија. Во градовите понекаде ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 сантиметри (може и повеќе), а на планините и на Скијаччките центри понекаде и над 50 сантиметри! Сето ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) – Поради ниските температури понекаде ќе има појава на голомразица, па токму поради ова на возачите им препорачуваме крајно внимателно да управуваат со своите возила, вели Попоски во последната прогноза за времето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Фото) Падна првиот снег во Македонија
Првиот ден од есента донесе вистинско изненадување…
На последниот ден од летото вее снег…
Денес во српскиот туристички центар Копаони падна…