Зинедин Зидан реши каде ќе замине од наредната сезона
Зинедин Зидан решил да му се врати на фудбалот по пауза од две и пол години. Француската легенда е на одмор од моментот кога се раздели со Реал Мадрид.
Во секој преоден рок медиумите го поврзуваа со други клубови, но тој веднаш ги демантираше тие шпекулации. Беше блиску до преземање на француската репрезентација, но работата му пропадна откако Дидје Дешам реши да го продолжи договорот.
Според некои медиуми во Франција, Зизу решил да го преземе Јувентус и покрај тоа што сѐ уште се надева дека ќе се врати во Реал по заминувањето на Карло Анчелоти.
„Зад кулисите, Зинедин Зидан го подготвува своето враќање на големата сцена. Покрај Реал Мадрид, француската легенда му фрли око на Јувентус, првиот странски тим за кој настапуваше како фудбалер“, пишува Le10Sport.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…