Златен ретривер стана хит: Провалник влегол во куќа, а тој му носел играчки
Златен ретривер од Сан Диего стана вистински хит по една необична провала – наместо да го избрка непоканетиот гостин, кучето постојано му носело играчки и го повикувало да си играат.
Неш живее со Данте Роули и неговата свршеница Стефани Калдерон, кои не биле дома кога непознат маж успеал да влезе во нивниот дом преку отворен прозорец на горниот кат.
Двојката има две кучиња, но ниту едно не се покажало како особено добар чувар. Едното едноставно излегло надвор низ вратата за кучиња, додека Неш решил дека новодојдениот човек е потенцијален партнер за игра.
Златниот ретривер постојано му приоѓал на провалникот со играчки во устата и мавтал со опашката.
„Нашето куче се обиде да си игра со него. Тој е многу пријателски настроен“, раскажал Роули низ смеа.
За среќа, непознатиот маж не направил поголема штета во домот. Според снимките од безбедносните камери, тој одморал во куќата и јадел храна од фрижидерот додека сопствениците ја следеле необичната ситуација од далечина.
Роули претпоставува дека мажот можеби само се обидувал да се засолни од високите температури. Тој бил уапсен околу еден час подоцна.
Иако Неш вообичаено скока и лае кога ќе пристигне некој нов, неговиот сопственик вели дека штом посетителот ќе влезе во домот, кучето веднаш мисли дека „време е за игра“. И овојпат Неш бил мирен во текот на целиот инцидент.
Провалникот прво бил снимен како ја прескокнува оградата, а потоа донел скала со која стигнал до отворениот прозорец на горниот кат. Во куќата поминал повеќе од еден час, додека полицијата го опколила домот и испратила дрон внатре за да го пронајде.
Неш цело време се обидувал да го заинтересира за игра, но човекот не му возвратил.
Сопствениците најмногу се грижеле за безбедноста на своето милениче.
„Навистина бевме загрижени за кучето. Бевме многу среќни што на крајот беше безбедно“, изјавил Роули.
Освен изедената храна и неколку саксии што се скршиле додека мажот се обидувал да побегне, ништо не било украдено, а во куќата немало друга материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Златен ретривер стана хит: Провалник влегол во…
Златен ретривер од Сан Диего стана вистински…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Претседателот на Казахстан го разреши министерот за…
Претседателот на Казахстан, Касим-Џомарт Токаев, го разреши…
Платформата „12:05“ му возврати на Филипче: Ти…
Венко Филипче со малата група се фракција…
Земјотрес почувствуван во делови од Македонија
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…