Златна бубамара на популарноста на 16 март под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“
Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која се одбележа сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.
Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.
-Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика, се вели во објавата.
БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk
Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…
Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…